Избор Охрид

Силно невреме во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 17. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силно невреме го погоди Охрид нешто по 14:30 часот. Предизвика потешкотии во сообраќајот, но и сериозни проблеми за граѓаните кои живеат во пониските делови на градот.

Репортерите на Супер радио и OhridPress регистрираа високо ниво на вода на улиците. Забележително беше дека мрежата не може да ја прими водата и беше забележително дека истата се враќа назад на коловозите.

nevreme17082Во стариот дел на градот, во најниските делови, најголеми проблеми, веќе традиционално имаат угостителските објекти кои се на првата линија.

Image may contain: outdoor and water

фото: Аквариус

Погледнете како во моментов изгледа центарот на градот, на потегот пред музичката продавница ZZ Top и на Булевар „Туристичка“.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Музичка продавница ZZ Top