Избор Струга Хроника

Пијан стружанец предизвикал инцидент во маркет

Охрид, 20. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пијан стружанец, синоќа околу 20:30 часот предизвикал инцидент во маркет во Струга.

– Инцидентот се случил во продажен објект на улицата „Маршал Тито“, каде 29-годишниот М.И. од Струга, под дејство на алкохол влегол во маркетот и побарал пиво. Во еден момент тој ја превртeл сталажата за наочари, по што упатувал закани по животот кон вработените. Од страна на полициски службеници истиот бил приведен во Полициската станица во Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива