Избор Македонија Охрид Празници

Вторник, Успение на Пресвета Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Охрид, 21. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), вторник, 28-ми август 2018 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија. (Крај)

извор: МТСП фото: архива