Забава Избор Охрид

Заврши „Hell летната патрола“ со „Тамаро“ и Hell Energy (Best Off видео)

Охрид, 27. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Летото кое полека го испраќаме, како и неколкуте наназад, беше исполнето со одлични проекти на охридските „Тамаро“ маркети во соработка со Супер радио и најголемите македонски компании.

Еден од популарните проекти на кои се работеше ова лето, осмислен од креативниот тим на Супер радио, под слоганот „Hell летната патрола“ се одвиваше во текот на месеците јули и август, односно во шпицот на сезоната.

– Полни два месеци, Илија Трале Левески и неговите пријатели ги следеа најинтересните настани во Охрид од полето на музиката, забавата, културата и сите останати настани. Со ролери, велосипеди, кајчиња, мопеди или пеш, тие секој ден ги посетуваа најатрактивните плажи во градот, заедно со Hell Energy, а вечерта беа дел од сите настани кои го одбележаа ова лето во Охрид. Од сите овие настани се изработуваа видеа кои ги покажаа нивните летни авантури, потпомогнати од Hell Energy и секако најдобрите охридски „Тамаро“ маркети. Овие материјали се објавуваа на социјалните мрежи и секако на нашите информативни портали OhridPress и InPress, информираат организаторите.

До следниот нов проект Ве оставаме со нивното последно Best Off видео, а повеќе за момците од #ОхридБатеМое ОВДЕ.
извор: ОхридПрес фото: архива