Избор Спорт

Бронзен медал со златен сјај за Таеквондо ИТФ Македонија на Светското првенство во Минск

Охрид, 30. август 2018 (ОХРИДПРЕС) –  Искусниот ветеран Ацо Јосифоски црн појас IV дан, поранешен светски шампион, се врати со бронзен медал од Светското Таеквондо ИТФ  првенство за јуниори и ветерани што се одржа во Минск, Белорусија.

По двата бронзени медали на на последното Европско првенство кое се одржа во Талин, Јосифоски во Минск се натпреваруваше во две дисциплини: во форми за црн појас IV дан ветерани и борби – 64 килограми ветерани. Медалот го освои во форми за црн појас IV дан ветерани во конкуренција на натпреварувачи од околу 70 земји учеснички, многу појаки и економски и спортски.

tekvondo minskaco josifoski– На крајот само 4 знамиња  на врвот, а едно од нив и македонското, со што можеме и да се пофалиме дека ова е најплодната година за Македонското ИТФ Теквондо досега, вели претседателот на Македонската Таеквондо ИТФ федерација, Марјанчо Лазаревски, кој изрази благодарност до „ПН Метал“ и општина Охрид за поддршката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Марјанчо Лазаревски