Забава Избор

Четкар вечерва настапува на International Prilep Jazz Weekend

Охрид/Прилеп, 30. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Еден од нашите најдобри гитаристи и џез музичари, охриѓанецот Владимир Четкар вечерва ќе настапи на седмиот International Prilep Jazz Weekend.

Нашиот виртуоз на гитара ќе настапи на летната сцена при  ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток во 23:45 часот.

Покрај Четкар, вечерва на фестивалот ќе настапат „Кекко Форнарели Трио“ од Италија и скопската група „Фиарс“.

Утревечер сцената ќе биде резервирана за Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Вотскос Квартет“, а за крај ќе настапи Васил Хаџиманов со својот бенд.

Последниот фестивалски ден е резервиран за Јаков Дренковски, Le Bal Pourri
од Франција и српската група „Деца Лоших Музичара“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива