Избор Струга Хроника

МВР: Не се најдени траги од насилен сексуален однос кај штитеничката на установата „25-ти мај“ која пријави дека е силувана

Струга, 4. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти август 2018 година, во 23:00 часот во, Полициската станица во Струга, 14-годишна штитеничка на Јавната установа за згрижување на деца и млади со социјални проблеми и нарушено поведение „25-ти мај“ од Скопје, пријавила дека истиот ден, околу 16:00 часот непознато лице извршило „други полови дејствија“ врз неа.

Според пријавата, настанот се случил во близина на струшкото село Калишта.

Врз основа на гинеколошоките наоди, не се најдени траги од насилен сексуален однос. По преземените мерки и активности, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против непознат сторител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. (Крај)

извор: МВР фото: архива