Забава Избор

Од денес и официјално магистер: Ѓоко Танески ја одбрани магистратурата

Охрид, 5. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски и македонскиот пејач Ѓоко Танески од денес и официјално е магистер, откако ја одбрани својата магистратура на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Ѓоко Танески е роден на 2-ри март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште.

Тој инаку е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.

Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.

На 20-ти февруари 2010 година, Танески победи на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставуваше Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.

numbpremieraИзминатово лето беше еден од главните носители на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd кој се одржа пред повеќе од 1.400 посетители на сцената „Долни Сарај“ во Охрид и беше еден од настаните кои го одбележаа летото во Охрид, (крај)

извор: skopje24.mk фото: skopje24.mk