Избор Култура Охрид

Стихозбирката „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски во најтесна конкуренција за наградата „Антево перо“

Охрид, 7. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Стихозбирката „Кумова слава“ на охриѓанецот Славе Ѓ. Димоски е во најтесна конкуренција за годинешната награда „Антево перо“.

– Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет. Комисијата за наградата „Антево перо“ на вториот одржан состанок по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење, информираат организаторите.

Додаваат дека во текот на следната седмица Комисијата ќе го соопшти наградениот авторски наслов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива