Здравје Избор Охрид

Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања дел од Sinergy 2018 во Белград

Охрид, 9. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 6-ти до 8-ми септември во Белград се одржа престижниот „Интернационален симпозиум по интервентна кардиологија и кардиоваскуларен имиџинг“ – Sinergy 2018, на кој учество зедоа бројни еминентни експерти од овие области од Европа, Америка, Јапонија, Кина, Индија и други земји.

– Во текот на три работни дена беа преставени најновите достигнувања во овие области од Кардиологијата, а се одржаа и бројни едукативни работилници како и тренинг сесии. На симпозиумот своја лекција одржа и Шефот на Интервентна кардиологија во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ од Охрид, кардиологот д-р Никола Бакрачески. Истата побуди голем интерес кај присутните кардиолози. Д-р Никола Бакрачески ќе одржи лекција и на најголемиот Конгрес за интервентна кардиологија „TCT 2018“, кој годинава ќе се одржи во Сан Диего од 20-ти до 24-ти септември, информираат од охридскиот Кардиолошки Завод. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива