Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Започнуваат курсевите за учебната 2018/2019 година на Семос и Ligo Centar

Охрид, 11. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Семос Едукација и локалниот партнер за Охрид Ligo Centar информираат дека денес започнуваат курсевите за учебната 2018/2019 година.

Училиштето нуди целогодишни курсеви и програми за: основни ИТ вештини, графички дизајн (Adobe Photoshop I Adobe Illustrator), анимација и мултимедија (After I Premier Pro), вовед во програмирање (HTML, CSS и Јavascript), специјални курсеви за програмирање за средношколци (Основи на Ц++ и Напреден Ц++). Курсевите се прилагодени според возраста на детето, а програмите и содржините се базирани врз 23 годишното искуство на Семос Едукација, македонскиот водечки бренд во областа на образование за комјутерски науки.

Учебната година започнa, а курсевите се одржуваат во групи од најмногу 10 ученици. Наставата ја изведуваат динамични инструктори – професори, дизајнери и програмери.

Image may contain: 3 people, text

Дополнителни информации за курсевите на Лиго Дигитал и Семос Едукација можете да добиете на телефонот 071/300-500. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива