Избор Свет

Универзитетот во Виена отвора студии за пензионери

Виена, 12. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот во Виена од март 2019 година ќе отвори посебни студии за пензионери. ,,Студиум Генерале” на унивезитетот во Виена ќе вклучува 12 дисциплини меѓу кои социологија, комуникација, молекуларна биологија, право и филозофија.

Целта е да им се овозможи на пензионерите да го научат она што отсекогаш ги интересирало, а немале време за тоа.

Една програма на студиите ќе чини 420 евра. Дванаесетте програми е можно да се завршат во 4-5 семестри, за што ќе треба да се платат 4.800 евра.

Оние кои што сакаат да добијат универзитетска диплома ќе треба да завршат уште три семестри и да напишат дипломска работа, за што ќе треба да платат дополнители 1.200 евра. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива