Избор ОБРАЗОВАНИЕ

Учениците од ОУ „Братство Единство“ преку интегриран час ги продлабочија знаењата за Григор Прличев

Охрид, 13. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од осмо и деветто одделение од ОУ „Братство Единство“ од Охрид имаа интегриран час по предметите македонски јазик и историја,  предвиден во согласност со наставните планови и програми, организирани од наставниците по македонски јазик и историја.

Целта на овој интегриран час беше учениците да ги продлабочат своите знаења за ловороносецот Григор Прличев, така што  имаа можност да ја посетат родната куќа на најголемиот македонски преродбеник од 19 век, како и неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Богородица-Перивлепта“.

grigor prlicev 2

Учениците ги рецитираа громогласните стихови: „Пискотници се слушаат од Галичник до Река…“, цитираа извадоци од неговта „Автобиографија“, за момент се потсетија на Прличевото време и беа искрени во своите впечатоци дека ваквите креативни часови треба да бидат почести.

grigor prlicev

Ваквиот интегриран час ќе придонесе да се развие културно-историската свест кај учениците за значењето на овој македонски книжевен деец, развивање љубов кон пишаниот збор, но и можност да се доближат до  Прличевото далечно време кое сеуште може да се почувствува преку неговите пишани зборови и белегот кој го остави во македонската литература и историја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес