Економија Избор

Денес и утре голема промоција и продажна акција во „Кармен Бауцентар“ (Видео)

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од охридски „Кармен БауЦентар“ за денес и утре најавуваат голема промоција и продажна акција која, во комбинација со многу музика, забава и награди ќе се одржи во просториите на Центарот.
– Следејќи го светскиот тренд во развојот на електричен алат, „Кармен БауЦентар“ денес и утре организира промоција со стручна презентација на професионалните и светски докажани брендови како „DeWALT“, „Black+Decker“, „Stanley“, „Graphite“ и други. Секој купувач ќе има можност лично да го тестира посакуваниот алат, а воедно следуваат попусти до 20% како и подароци. Купувачите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со спецификациите на германскиот ламинат „Swiss Krono“ за кој е предвидена специјална акција. Нашите системи се нераскинлив дел и се на водечките позиции во градежништвото, сеедно дали се работи за приватна куќа, зграда, нов стан или адаптирање на постоечки простор. Тука со гордост ги застапуваме лидерите во градежништвото како „Bekament“, „Knauf“, „Ursa“, „Armstrong“ и други, порачуваат од „Kармен БауЦентар“.

Во терминот од 10:30 до 12:30 часот, во центарот ќе се одржи и мини забава со екипата на Супер радио, на која ќе има многу забава, награди и презентација на производите.

Центарот се наоѓа на улицата „Железничка“ број 3 во Охрид, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на нивната официјална страна на Facebook, телефонот 046/258-285 или на маил адресата: baucentarohrid@karmen.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива