Избор Охрид

Крводарителска акција на Црвен крст и „Тамаро“ маркетите

Охрид, 14. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст во соработка со „Тамаро“ маркетите, во сабота, на 15-ти септември ќе ја спроведат традиционалната крводарителска акција, која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 10:00 до 14:00 часот.

krvodaritelskatamaro– Целта е да се задоволат потребите за крв и крвни продукти во здравствените установи во Охрид. Ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во „Тамаро“ маркетите да ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од вредните раце на вработените во „Тамаро“. Секој крводарител, маркетите „Тамаро“ ќе го изненадат со подарок, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење