Избор Локална самоуправа Охрид

Отворена Меѓународната научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018

Охрид, 10. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денес и утре ќе се одржи 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018.

Целта на конференцијата е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор. Покрај домашни, учество ќе земат и еминентни личности од оваа област од Србија, Хрватска, Бугарија, Германија, Русија, Полска, Израел, САД и други земји.

Пред присутните денес се обрати и градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Во фокусот на 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018 се ставаат неколку гранки од услужниот сектор. Пред се` тоа се туризмот, угостителството, осигурувањето и царината. Големо внимание се посветува на трендовите кои се јавуваат во овие услужни дејности, предвидувањата на трендовите во иднина, како да се справиме со моменталните проблеми и како да се надминат истите. Исклучително е важно јавноста да го осознае значењето на услужниот сектор, неопходната улога која ја има соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, локалната самоуправа заедно со локалното население, како и засегнатите фактори од приватниот сектор.

Учесниците можат да достават преглед и истражувачки трудови поврзани со главната тема на конференцијата и различните тематски области на конференцијата во врска со туризмот и угостителството, осигурување, царина и шпедиција и финансиски услуги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива