Здравје Избор Охрид

Охриѓани повторно хумани – Крводарителска акција на „Тамаро“ и Црвен крст

Охрид, 15. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес се спроведе традиционалната крводарителска акција на охридските „Тамаро“ маркети и Црвен крст Охрид.

Бројни граѓани даруваа од драгоцената течност, а во рамките на акцијата беа собрани 36 единици крв. Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за прв пат даруваа крв и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.

Image may contain: 9 people, people smiling, people standing

– Сакаме да испратиме порака до сите граѓани да дојдат и да ја поддржат акцијата. Да даруваме крв, затоа што не знаеме кога и на кого ќе му биде потребна оваа најдрагоцена течност. Како општествено одговорна компанија, сакаме да помогнеме во популаризацијата на крводарителството. Крв ќе даруваат многу наши вработени, а за сите крводарители, ќе обезбедиме скромен подаров, како благодарност за донацијата, информираат од „Тамаро“.

tamarokrvodaritelska1Целта е да се задоволат потребите за крв и крвни продукти во здравствените установи во Охрид.

– Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од вредните раце на вработените во „Тамаро“, додаваат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес