Избор Локална самоуправа Охрид

Обиени автоматите за влез во јавните тоалети кај Горна Порта

Охрид, 17. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува деструктивното однесување на поединци и оштетувањето на дел од инфраструктурата која е поставена да им служи на сите жители на градот.

– Синоќа се обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта. Полицијата е информирана за овај вандалски чин и случајот е пријавен веднаш, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Додаваат дека јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата. (Крај)

извор: Охридски Комуналец фото: Охридски Комуналец