Избор Локална самоуправа Охрид

Неколку охридски улици утре без вода

Охрид, 18. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа, жителите од неколку охридски улици утре ќе бидат без вода.

Како што информираат од МЈП „Проаква“, Р.Е Водовод од Охрид, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, дел од булевар „Туристичка“ и дел од „Партизанска“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива