ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид Спорт

„Словенија над Охрид“ во поддршка на „Еко Галичица 2018“

Охрид, 19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По втор пат годинава во организација на здружението „Алпа Алпина“ од Словенија, во Охрид престојуваа планинари од повеќе словенечки градови, а како одлични домаќини се покажаа членовите на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“.

Гостите од Словенија ги посетија Магаро, Лако Сигној, Елен врв, видиковецот Коринтски рид и Корита, вели претседателот на „Зш Авантура“, Жанко Голабоски.

eko galicica slovenci 3

– Меѓу планинарите имаше и такви кои со планинарстово се занимаваат 30-40 години, некои од нив се дел од управниот одбор на Словенечкиот планинарски сојуз кој е еден од најбројните и најактивните на Балканот. Со оглед на тоа што 15-ти септември се одбележува како Светски ден на чистењете, гостите спроведоа акција за чистење во атарот на село Велестово, со што активно се вклучија во нашиот проект, истакна Голабоски.

eko galicica 5Тадеа Рожман една од организаторите забележа напредок во однос на чистотата и заштитата на животната средина, изразувајќи поддршка на проектот „Еко Галичица 2018“.

– Јас бев тука и лани, се забележува голем напредок, велосипедските и планинарските патеки се во многу подобра состојба. Секако, треба уште да се работи, но и за ова што е направено огромна пофалба за организаторите на „Еко Галичица“, здружението „Зш Авантура“, потенцира Рожман.

Словенците беа презадоволни, останаа неколку дена, а освен планинарските тури, имаа разглед на градот и прошетка со брод до Св. Наум. Најавија дека позитивните впечатоци ќе ги пренесат на свои пријатели и догодина ќе дојдат во уште поголем број.

eko galicica opstaАмбициозниот проек „Еко Галичица 2018“ продолжува со несмалено темпо и во наредниот период со еко патоли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Pixily studio/ОхридПрес