Избор Локална самоуправа

Градоначалникот Стојаноски и секретарот Бежоски се сретнаа со првиот човек на Институтот за стандардизација и сертификација Кицара

Охрид,  19. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски, денес имаа работна средба со Џеват Кицара, Директор на Институтот за стандардизација и сертификација (ИСС) на Република Македонија.

– На средбата се разговараше за воспоставување на соработка помеѓу општина Охрид и институтот во делокругот за стандардизација и сертификација. Соработката помеѓу двете страни ќе помогне во подобрувањето на перфомансите на општинската администраиција и нејзино поефикасно работење, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид