Избор Охрид Хроника

Сообраќајка на улицата „Васил Главинов“, повредена охриѓанка на мопед

Охрид, 20. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На крстосницата на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, вчера, околу 13:15 часот се случила сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале мопед „Баотијан“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 56-годишната Д.С. од Охрид и патничко возило „Фиат Добло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Ф.К. од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Д.С., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св. Еразмо“. Увид на местото извршила извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива