Избор Струга Хроника

Притвор за двајца дилери на дрога од Струга

Струга, 21. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Двајца дилери на дрога, 30-годишниот К.Ф. и две години постариот Л.Н., двајцата од Струга се приведени поради и одредена им е мерка притвор од 30 дена.

– На 19-ти септември на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид-Струга, од страна на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Охрид на влезот од село Корошишта кон село Волино сопрено е патничко моторно возило „Голф“ во кое биле двете пријавени лица. По сопирањето едно од лицата излегло од возилото и започнало да трча. Од страна на полициски службеници извршено било легитимирање на лицата и била пронајдена вреќа со 13 пакувања со наркотична дрога марихуана. Извршен е преглед кај наведените лица и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и три мобилни телефони, две сим картички и една рамка од мобилен оператор. Со лицата е извршен разговор при што првопријавениот посочил дека марихуаната ја купил од непознато лице во Република Албанија и истата требло да ја продаде на лице во Тетово, информираат од СВР Охри. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива