ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид

Георгиевски: Со новата стратегија за одвивање на сообраќајот драстично ќе се зголеми бројот на велосипедски патеки во Охрид

Охрид, 21. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со презнтација на тема: „Мултимодалност – Комбинирај и движи се“ и велосипедско дефиле низ охридските улици и годинава се одбележа Европската недела на мобилност.

Во рамки на одбележувањето, општина Охрид денешниот го прогласи за Ден без автомобили.

den bez avtomobili 2018 2

На овој ден кај нас и во светот се затвораат фрекфентните сообраќајници на кои се возат велосипеди со што се упатува силна порака дека со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштетува домашниот буџет, се чува животната средина и се промовира здрав начин на живеење, порача пред присутните, заменик градоначалникот Константин Георгиевски.

– Со секојдневната употреба на велосипедите градот би станал поопуштен, без врева и нервоза, а одењето на работа или прошетките стануваат задоволство. Ние како одговорна локална самоуправа сме упорни во нашите настојувања да обезбедиме што повеќе велосипедски и пешачки патеки. Деновиве со хоризонтална сигнализација се обележа улицата „Кеј Македонија“, а се обележаа и постојните велосипедски патеки на улиците низ градот. Со оваа активност се продолжува унапредувањето и зголемувањето на можноста за возење велосипеди, истакна Георгиевски, изразувајќи задоволство што  ваквите манифестации се повеќе се поддржани од младите.

den bez avtomobili 2018

zanko zs

Според него со новата стратегија за одвивање на сообраќајот во Охрид, бројот на велосипедски патеки драстично ќе се зголеми.

На презентацијата беше презентиран концептот на мултимодалност, а како најголеми загадувачи на амбиенталниот воздух беа посочени половните возила.

Со вклучување на концептот на мултимодалност и воведување одржливи методи на превоз во нашите патувања, со користење транспортни решенија, мобилни апликации и лични иновативни алатки, на граѓаните ќе им овозможат споделување на превозните средства, ќе се намалат трошоците за транспорт, како и испуштањето на стакленички гасови, со што  ќе се овозможи позитивно влијание врз животната средина. Како податок кој загрижува беше изнесено дека од еден литар бензин се добива околу 10  m³ штетни гасови кои негативно влијаат врз човечкиот организам.

За учесниците на велосипедското дефиле имаше и бројни вредни награди, како кациги, мини пумпа, торба за велосипед, ракавици… Главната награда беше велосипед, кој го доби Иван Цекиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес