Избор Спорт

Охридските ракометари утре на домашен терен против Бутел

Охрид, 21. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари утре го играат премиерниот меч на домашен терен во новата сезона во Супер лигата.

„Гладијаторите“ во салата „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Бутел од Скопје. Почетокот на натпреварот е од 19:00 часот, а цената на билетот изнесува 50 денари.

Инаку, оваа сезона во Супер лигата ракометарите на Охрид ја започнаа со пораз во гости кај тимот на Пролет, но велат се максимално подготвени за утрешниот меч пред домашната публика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива