Избор Струга Хроника

Кривична за стружанец поради сторено дело „насилство“

Струга, 21. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот И.Г. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– На 19-ти минатиот месец, во 20:30 часот, во маркет на улицата „Маршал Тито“ во Струга, пријавениот, во алкохолизирана состојба, поради технички проблем на влезната врата, оштетил дел од инвентарот на маркетот, при што упатил закани по животот кон вработената, 25-годишната Е.М.П. од Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива