Забава Избор

Охридскиот DJ Nasty Deluxe со ремикс на песната „Passenger“ на Zinner & Orffee (Видео)

Охрид, 22. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Кристијан Нестороски, познат како DJ Nasty Deluxe ја продолжува соработката со со артистот Mathew Brabham.

Станува збор за ремиксот на песната „Passenger“ на Zinner & Orffee, кој треба официјално да се појави како сингл на 26-ти овој месец.

Артистот Orfee порано беше пoзнат како DjAne Miss Thunderpussy и во моментов работи во една од најпопуларните радио станици за електронска музика во Германија, популарното Sunshine Live радио.
Dj Nasty Deluxe има авторска емисија „Music for the soul“, која се емитува секој понеделник од 22:00 до 23:00 часот на Супер радио, најслушаната локална радио станица во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива