Избор Охрид Партии

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Донев со повик за утрешниот протестен марш

Охрид, 22. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси.

Граѓаните се разочарани од Владата на СДСМ. Лагите излегоа на виделина, стои во повикот до граѓаните од Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, пред утрешниот протестен марш во Охрид.

– Наместо живот донесoa чемер и јад. Економијата тоне, цените растат, а стандардот опаѓа, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан. Граѓаните се свесни што се случува во нашата држава и дека во огромно мнозинство истите нема да дадат поддршка на штетниот и капитулантски договор. Договорот е штетен и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. Заев се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој штетен договор, ниту некогаш ќе го поддржи. Заедно сме фокусирани на нови победи со една единствена цел, членството во ЕУ и НАТО, како врвна стратешка цел. Зад секој успех стои труд и посветеност и само така Македонија ќе победи. Од нас зависи каков пат ќе избереме. Македонија е се што имаме, нашите корени и нашата иднина, вели Донев.

Тој ги повика сите незадоволни граѓани од капитулацијата на Зоран Заев и пустошот на Владата на СДСМ да бидат дел од протестниот марш во Охрид, во недела со почеток во 13:00 часот.

– Собирно место е пред хотелот „Палас“ (на кејот на Охридското Езеро). Заеднички, сложно и одлучно да го дадеме народниот одговор на погрешните политики кои се рамни на национална катастрофа, цврсто да застанеме пред заканата по македонскиот идентитет и гласно да кажеме Македонија ќе победи, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива