ЕКОЛОГИЈА Избор Спорт

Охридските средношколци дел од проектот „Еко Галичица 2018“

Охрид, 24. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на спортско проектните активности на средните училишта, гимназијалците и учениците од средното економско училиште викендов на планината Галичица изведоа еднодневна планинарска тура.

Имаше над 200 учесници, а турата се реализира од месноста „Два јавора“ до село Велестово. Учесниците се запознаа со убавините на нашата Галичица, а го посетија и планинарскиот дом Асан Џура.

eko gimnazijalci 4Ваква планинарска тура се организира веќе 18 години, два пати годишно и досега учествувале повеќе од 7.000 учесници.

Во рамки на турата овојпат се реализира и еколошка акција, со што и средношколците дадоа свој придонес и го поддржаа проектот „Еко Галичица 2018“.

eko gimnazijalci 5– Беше исчистен голем дел од ѓубрето кое на планината го оставиле несовесните посетители и практично им беше претставено на учениците колку е важна екологијата. После „напорниот ден“ задоволството можеше да се види на лицата на учесниците. Доколку на 10 % од учесниците успеав да им покажам бенефитите од планинарењето и престојот во природа ќе бидам презадоволен, вели професорот по физичка култура Наум Јамандиев.

eko galicica opstaЗаедно со учениците беше и претседателот на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“, Жанко Голабоски. Тој изрази задоволство за покажаниот интерес на младите за грижата и заштитата на природата и животната средина.

Во рамки на проектот „Еко Галичица 2018“ и понатаму продолжува мапирањето на критичните локации на кои е забележан најразличен вид на отпад. Тоа пред се` се однесува на населените места, селата и видиковците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес