Избор Локална самоуправа Охрид

Слаб интерес кај охридските приватни станоиздавачи за online промоција

Охрид, 24. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Слаб интерес покажале охридските приватни станоиздавачи за online промоција на туристичките капацитети на веб страната на општината.

Во месец април општина Охрид, согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот објави јавен повик за промовирање на приватните станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам. Сепак, и половина година од објавувањето, интересот кај станоиздавачите не е според очекувањата.

Од Секторот за туризам и локален економски развој за Супер радио и OhridPress информираат дека јавниот повик за online промоција на туристичката понуда и натаму е активен.

Може да аплицираат сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.

Сите заинтересирани приватни станоиздавачи потребно е да доставаат информации од типот: улица, мејл, телефон, веб страна, фотографии со висока резолуција на е-маил адресата: ilker.mustafa@ohridler.gov.mk.

Според официјалните податоци, во Охрид има регистрирани 2.600 станоиздавачи и 13.000 легла. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес