Избор Македонија

НБРМ: Нема причина за отворање дебата за девалвација на денарот

Скопје, 26. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот.

Во економијата не постојат нерамнотежи коишто би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво, тврди Народната банка на Македонија откако вчера претседателот на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора изјави дека не на референдумот ќе значи и можна дестабилизација на денарот.

Народната банка, се подвлекува во соопштението, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс. Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива