Избор Свет

Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“

Белград, 26. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг.

– Го контролираме авионите што доаѓаат од загрозените подрачја. Засега се работи за патници од Нигерија, а ако биде потребно и од соседните земји – изјави Зоран Панајотовиќ од српското Министерство за здравство.

Сите лица што патувале во Нигерија или можеле да бидат во контакт со заболени се проверуваат и нивните резултати се разгледуваат во Институтот за јавно здравје на Србија. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива