ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид

Започнува чистењето на депонијата „Мауцкер“

Охрид, 27. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По цели десет години, денес ќе започне чистењето на „Мауцкер“, најголемата дива депонија во Охрид, која претставува грда слика на самиот влез на градот.

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес ќе започнат да ја расчистуваат депонијата, а според најавите, на почетокот на акцијата денес ќе присуствуваат и градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски и директорот на ЈП „Охридски комуналец“ од Охрид Љупчо Грданоски.

Неофицијално, депонијата ќе се покрива со земја, со цел да се намали шутот и да се избегне опасноста од палење. Проценките кои беа направени неодамна покажаа дека се потребни повеќе од половина милион евра за да се отстранат околу 40 илјади кубни метри отпад, колку се проценува дека има на депонијата во моментов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива