Избор Охрид Празници

Литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“

Охрид, 28. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во недела, на 30-ти септември, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива