Избор Охрид Празници

Литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“

Охрид, 30. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“ денеска од 09:00 часот во катедралниот храм „Св. Софија“, ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

На светата литургија  ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Денес богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива