Избор Општина Дебрца Охрид Струга

РЕФЕРЕНДУМ 2018 ВО ЖИВО: Во Охрид гласале 30,44% од граѓаните

Охрид, 30. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Република Македонија денес на референдум ќе се изјаснат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

Инфо 19:30 часот

Според податоците на Државната изборна комисија, објавени во 19:30 часот, своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 34,76%, односно 623.147 од вкупниот број гласачи.

– Во Охрид излезноста е 30,44%, односно 15.872 од 51.756 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 25,22%, односно 1.124 од 4.456 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 36,78%, односно 22.120 од 58.873 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Вевчани излезноста е 31,45%, односно 641 од 2.038 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

Инфо 18:59 часот – Во Охрид излезноста до 18:30 часот е 28,49%

Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 34,09%, односно 589.637 од вкупниот број гласачи од 84,83% од обработени податоци од 3,513 избирачки места.

– Во Охрид излезноста е 28,49% од 51.756 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 25,22% од 4.456 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 36,78% од 58.873 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Вевчани излезноста е 26,55% од 2.038 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

Инфо 17:30 часот – Во Охрид излезноста до 17:00 часот е 28,65%

Според податоците на Државната изборна комисија, до 17:00 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 28,83%, односно 455.771 од вкупниот број гласачи од 87,25 од обработени податоци од 3,513 избирачки места.

– Во Охрид излезноста е 28,65% од 51.756 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 20,69% од 4.456 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 28,62% од 58.873 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Вевчани излезноста е 31,45% од 2.038 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

Инфо 15:50 часот – МВР со регистрирани нарушувања

policija122-640x360На избирачко место бр.2539/1 во ОУ „Његош“ во Колонија, пријавено е дека М.С. (55) го фотографирал своето гласачко ливче. Известен е јавен обвинител, a M.С. е во полициска станица за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи. За настанот известен е јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Се работи на расчистување на случајот.

Во ПС Кочани, М.С. (54) од Кочани пријавил дека пред гласачко место бр. 852, пред Домот на културата во Кочани, од страна на непознато лице, бил навредуван бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за Т. Н. од Кочани и тој е повикан на разговор во ПС Кочани.

Инфо 15:30 часот – Во Охрид излезноста до 15:00 часот е 25,30%

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15:00 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 22,80%, односно 377.606 од вкупниот број гласачи.

– Во Охрид излезноста е 25,30% од 51.756 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 16,54% од 4.456 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 20,39% од 58.873 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Вевчани излезноста е 22,52% од 2.038 граѓани колку што се пријавени на избирачкиот список.


Инфо 13:30 часот – Во Охрид излезноста до 13:00 часот е 15,53%

Според податоците на Државната изборна комисија, до 13:00 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 16,00% од гласачите. Податокот бил добиен по обработка на 90,24% на добиените податоци.

– Во Охрид излезноста е 15,53% од 51.756 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 12,10% од 4.456 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 17,38% од 58.873 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

Од ДИК информираат дека нема посериозни нарушувања на изборниот ден.

Следната прес-конференција за излезноста до 15:00 часот, ДИК ќе ја одржи во 15:30 часот.

Инфо 12:30 часот – Прес конференција на „Цивил“: Забележани се технички проблеми, неправилности во Избирачкиот список и кршење на молкот

Претседателот на Здружението „Цивил – Центар за слобода“ Џабир Дерала, на денешната прес-конференција изјави дека на референдумското изјаснување се забележани технички проблеми, неправилности во Избирачкиот список, доцнење при отворањето на некои избирачки места, како и кршење на изборниот молк.

Тој изјави дека, како што навеле набљудувачите на „Цивил“, Од балконот на зградата спроти основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, три лица, чии податоци се познати на Цивил, ги фотографирале сите гласачи што одат на гласање на избирачките места во тоа училиште.

Инфо 11:30 часот – Во Охрид излезноста до 11:00 часот е 9,98%

Според податоците на Државната изборна комисија, до 11:00 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 8,03% од гласачите. Податокот бил добиен по обработка на 92,06% на добиените податоци.

– Во Охрид излезноста е 9,98% од 51.756 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 7,90% од 4.456 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 6,73% од 58.873 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

До ДИК, до 11:00 часот пристигнале седум пригов0ри. Три преговори за повреда на избирачко право биле одбиени, а четири се во обработка.

Следната прес-конференција за излезноста до 13:00 часот, ДИК ќе ја одржи во 13:30 часот.

Инфо 11:22 часот – МОСТ: До 10 часот, одзивот е 5,2%

Гласањето се одвива без проблеми. Имало само еден помал проблем, односно, на влез во објектот каде што се гласа во Јегуновце, имало графит со навредлива содржина.

Инфо 09:00 часот – Во Охрид излезноста е 2,86%, до 09:00 часот гласале 1.482 од 51.756 граѓани

Според податоците на Државната изборна комисија, до 09:00 часот своето гласачко право на референдумот на ниво на државата го искористиле 2,5% од гласачите. Податокот бил добиен по обработка на 71% на добиените податоци.

– Во Охрид излезноста е 2,86%, односно до 09:00 часот гласале 1.482 од 51.756 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во Дебрца излезноста е 2,83%, односно до 09:00 часот гласале 126 од 4.456 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

– Во општина Струга излезноста е 2,38%, односно до 09:00 часот гласале 1.401 од 58.873 граѓани колку се пријавени на избирачкиот список.

До ДИК, до 09:00 часот пристигнале три преговори за повреда на избирачко право, но сите биле одбиени.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја одржи во 11:30 часот.

Инфо 07:00 часот – Започна гласањето во Охрид

Утрово во 07:00 часот беа отворени 88 избирачки места на територијата на општина Охрид, на кои граѓаните кои имаат право на глас на референдум ќе се изјаснуваат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

На територијата на општина Охрид, според Избирачкиот список, право на глас имаат 52.171 граѓанин. Од Општинската изборна комисија информираат дека избирачкиот материјал е веќе пристигнат, распределен и дека се формирани избирачките одбори. Претседателот на ОИК на Охрид Димитрија Вревезоски за МИА потврди дека сите 89 избирачки, односно 88 гласачки места се отворени во предвидениот рок и оти засега нема никакви проблеми во процесот.

Според општите правила, вчера веќе гласаа 27 болни и изнемоштени лица, колку што се регистрирани на територијата на општината. Гласаа и затворениците, како и Македонците кои живеат во странство.

Гласањето ќе трае до 19:00 часот.

Инфо 06:30 часот – Референдум 2018 – детали и правила

Повеќе за правилата и останатите детали за референдумот ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива