Избор Охрид Хроника

Сообраќајка кај Стража, возилата се движат по една коловозна лента

Охрид, 30. септември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево се случи сообраќајна незгода на патниот правец Гостивар-Стража.

Од АМСМ информираат дека поради незгодата, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица, а во незгодата е причинета значителна материјална штета.

МВР е на местото на настанот и прави увид во овој случај, и се очекува побрзо расчистување на сообраќајот и нормализирање на истиот на овој патен правец. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива