Избор Охрид

Универзитетот од Берн потврди: Најстарите делови од населбата „Плоча Миќов град“ се постари од 6.000 години

Охрид, 3. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот јуни/јули 2018 година, во соработка со охридскиот Завод и Музеј и Центарот за истражување на предисторијата и Универзитетот од Берн, Швајцарија беа извршени најновите археолошки истражувања на локалитетот „Плоча Миќов град“.

Image may contain: one or more people, mountain, sky, tree, outdoor, nature and water

– Во лабораторијата на Универзитетот од Берн беше извршена радио-карбонска анализа на 36 дендрохронолошки примероци од дрвени колци. Сосема изненадувачки е тоа што предисториските примероци датираат многу порано во историјата отколку што се претпоставуваше, информираат од нуркачкиот центар „Амфора“.

Image may contain: outdoor

Додаваат дека на истражувачки простор од 40 метри квадратни има 3 временски рамки и тоа:

– 1.200 п.н.е (со прецизност до 100 години)
– 1.800 п.н.е (со прецизност до 100 години)
– 4.400 п.н.е (со прецизност до 30 години)

Image may contain: outdoor

– Овие податоци се точни, без никаква сомнеж. Според изнесените резултати од оваа година, можеме да заклучиме дека најстарите делови од оваа населба се постари повеќе од 6.000 години, информираат од „Амфора“. (Крај)

извор: НЦ „Амфора“ фото: НЦ „Амфора“