Избор Свет

Чавушоглу: НАТО и ЕУ да не се откажуваат од Македонија поради референдумот

Истанбул, 4. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот, туку да ја продолжат поддршката и соработката, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија истакна дека преговорите за членство во НАТО со Македонија мора да продолжат, а ЕУ мора да посвети  поголемо внимание на Западен Балкан.

Турција, рече Чавашоглу, го поддржува напредокот, мирот и стабилноста на државите од Балканот, како и нивната интеграција во НАТО и ЕУ.
Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива