Избор Култура

Охридска промоција на книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ од Томе Груевски

Охрид, 4. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридска промоција на книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ од авторот Томе Груевски.

Промоцијата е по повод 130 години од излегувањето на весникот „Македонија“ (1888-2018), а ќе се одржи во петок, на 12-ти октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“, со почеток во 12:00 часот. Промотори на делото ќе бидат Гордана Змејковска, Милчо Јовановски, и Светомир Стефановски.

Константин С. Шахов од Охрид е најактивниот македонски публицист од втората половина на XIX век и првите две децении на XX век. Тој е неодминлив деец во македонската национална и културна историја кој е заслужен во неговата работа на полето на новинарството.

Освен весникот „Македонија“ (1888-1893), тој ги издавал и весниците: „Дневни Новини“ (1890), „Странник“ (1891), „Глас македонски“ (1893-1898), „Борба за слобода на Македонија и Одринско“ (1899), „Балкански ек“ (1900), „Македонија“(1902), „Борба“ (1905), „Софиски новини“, (1906), „Македонија“ (1908-1912), „Балканска зора“ (1912). Но, со тоа не се исцрпува неговата новинарска дејност. Шахов, исто така, соработувал во многу други весници, како што се: „Реформи“ (1899), „Дебарски глас“ (1909), „Дебар“ (1905) и др., а, исто така, и во списанието „Лоза“ (1892). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива