Избор Македонија Охрид

Четврток, 11-ти октомври неработен за сите граѓани

Охрид, 5. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 11-ти октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија. (Крај)

извор: МТСП фото: ОхридПрес