Избор Спорт

АВ Охрид дома против Работнички ја стартува новата сезона во Првата македонска лига

Охрид, 6. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Започнува новата сезона во  во Првата македонска кошаркарска лига, а тимот на АВ Охрид отвора на  домашен терен, против актуелниот првак Работнички.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот, а влезот за сите вљубеници во кошарката и спортот ќе биде слободен.

Во новата сезона во Првата лига ќе се натпреваруваат 11 тимови. Работнички сезонава ќе ја стартува токму од Охрид и ќе тргне во одбрана на 15-та титула во домашното првенство.

Ова се двојките за првото коло  во кошаркарската сезона 2018/2019:

АВ Охрид – Работнички
Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер – Фени Индустри
Гостивар – Кожув
Вардар – Куманово

Слободен во првото коло е тимот на Шкупи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива