Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Патувачкото комбе „Библиотека на тркала“ во посета на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Охрид, 5. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец, како и подрачните училишта во селата Косел, Ливоишта и Куратица денес беа посетени од патувачкото комбе „Библиотека на тркала“.

– Сите учениците од прво до трето одделение имаа можност да поминат корисно време во ова патувачко комбе, кое е преуредено во библиотека со книги и сликовници на повеќе јазици, во пишана, дигитална и аудитивна верзија. На многу интересен начин преку дружење, читање и слушање како правилно и изразно се чита, учениците ја јакнат љубовта кон книгата и се создава основа за нивниот понатамошен напредок, информираат од училиштето.

ОУ „Ванчо Николески“ ја продолжува соработката со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во насока на развој на јазичната писменост, се’ со цел преку дружење и читање да се откриваат тајните и да се учат нови нешта преку детската литература. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива