Избор Струга

МПЦ-ОА ја додаде Јустинијана Прима во името на МПЦи титулата на архиепископот

Охрид, 7. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Архиепископскиот црковно-народен собор на вчерашното заседание ја додаде Јустинијана Прима во името на МПЦ и во титулата на Архиепископот г.г. Стефан.

Во иднина тој ќе се ословува како Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.

Соборот се поклопи со јубилејот, еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија, што МПЦ-ОА го слави како поврзување на својот континуитет со ОА.

Архиепископскиот црковно-народен собор го потврди и реафирмира ставот за неменување на името на МПЦ и на името на државата.

Првиот собор се одржал на 4-ти и 5-ти март 1945 година во Скопје. На соборот е утврдена вековната желба на македонскиот народ за возобновување на Охридската архиепископија според 17-то и 30-то правило на Вселенскиот собор, и според 800-годишното постоење на Охридската архиепископија како Помесна православна црква како дел од едната, света, соборна и апостолска црква. На соборот е утврдено да се изберат епископи од македонскиот народ, како и да се задржи карактерот на Охридската архиепископија како родна црква на македонскиот народ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива