Избор Локална самоуправа Охрид

Обиени автоматите за влез во јавните тоалети кај ТЦ „Амам“

Охрид, 7. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Само 20-тина дена откако беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, ноќеска се обиени и автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад до ТЦ „Амам“.

– Полицијата е информирана за овај вандалски чин и случајот е пријавен веднаш од страна на ЈП „Охридски комуналец“, информираат од претпријатието.

Додаваат Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата. (Крај)

извор: Охридски комуналец фото: Охридски комуналец