Избор Охрид Празници

Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на сите македонски светители“

Охрид, 7. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид денес се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на сите македонски светители“.

Со литургијата чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

Денес богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива