Избор Охрид

Со секира тешко повредено куче во Охрид (Вознемирувачки фотографии)

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на улицата „Егејска“ утрово јавуваат дека во овој дел на градот е забележано куче со сериозни повреди на главата, настанати најверојатно со удар со секира.

– Ова е во Охрид, утрово го виделе душево расцепено со секира како сето уплашено лута. Локацијата е кај Егејските згради, се движело на потегот кон ресторан „Гурман“. Замолувам некој да го лоцира и да направиме обид да го заловиме. Во земјава нема служби за вакви случаи, па должни сме ние граѓаните совесни нештата да ги превземаме во свои раце и да се изложуваме на ризик (ризик од евентуално каснување или ризик од бркање од работа, жртвувајќи го работното време за да спасиш нечиј живот). Ова е втор случај на удар со секира во рок од недела дена. За оној првиот во Скопје изостана истрага и евентуално осомничено лице, и тоа само кажува дека злото од овој вид се толерира и поттикнува од државата и нема да е далеку денот кога и уште еден ваков случај ќе посведочиме (да не зборувам за двата случаи во скопско Драчево на сечени мачиња на пола), напиша на неговиот профил на Facebook Климент Арнаудов, граѓански новинар и активист за правата на животните од Охрид.

Image may contain: outdoor

No automatic alt text available.

Тој апелира до сите кои би имале информација за сторителот, да ја достават до него.

– Случајот ќе го пријавам лично, па нема да ве изложам на ризик ако се плашите, доколку знаете кој ова му го сторил и би одел до крај за овој монструозен лик да не помине само со парична казна, но и да полежи во затвор (законот за заштита и благосостојба на животни и кривичниот закон тоа го налагаат). Замолувам да собереме донација која ќе биде употребена како награда (да речеме 100 или 200 евра) за сведокот полесно да се реши да го обелодени сторителот на ова грозоморно дејание оти не е далеку и денот кога таа секира и кон човек ќе ја насочи, психата човечка е таква, додава Арнаудов. (Крај)

извор: Климент Арнаудов фото: Климент Арнаудов