Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца

Основците од Дебрца на прием кај градоначалникот по повод Детската недела

Дебрца, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески организира свечен прием за децата од ОУ „Дебрца“, во рамки на одбележувањето на Детската недела која се одржува под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“.

На приемот, Ногачески ги запозна учениците што преставува општината и им посака многу здравје и успех во образованието. Децата побараа повеќе детски рекреативни игралишта и реквизити, за што градоначалникот нагласи дека согласно планот и програмата за подобрување на образовниот процес веќе се предвидени такви проекти.

Годинава, во рамки на одбележување на Детската недела, во ОУ „Дебрца“ предвидено е да се оддржат повеќе манифестации во сите подрачни училишта. (Крај)

извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца