Избор Охрид

Арнаудов: Кучето е заловено и е однесено на ветеринар

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кучето е заловено и е однесено во „Vet Spirit“ ветеринарната амбуланта, објави на својот профил на Facebook Климент Арнаудов, граѓански новинар и активист за правата на животните од Охрид, откако денес во јавноста беа објавени вознемирувачки фотографии од сериозно повредено куче во Охрид.

– Врз него ќе биде извршена операција и сега замолуваме да ни излезете во пресрет за да го згрижиме некаде кучето, кое ќе се молиме да ја преживее операцијата бидејќи има изгубено доста крв. Утре ќе биде поднесена и пријава против непознат сторител, и замолувам секој еден од вас што е трогнат од ова грозоморие да го стори истото. Нудиме награда од 200 евра за секаква информација за сторителот на оваа монструозност, порачува Арнаудов.

Image may contain: one or more people and food

Image may contain: dog

Граѓаните на улицата „Егејска“ утрово пријавија дека во овој дел на градот е забележано куче со сериозни повреди на главата, настанати најверојатно со удар со секира. (Крај)

извор: Климент Арнаудов фото: Климент Арнаудов