Избор Култура Локална самоуправа

Избрани најдобрите творби на конкурсот „Есента топла и златна наслика во природата најубави платна“

Охрид, 8. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови на конкурсот „Есента топла и златна наслика во природата најубави платна“.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија:

Прва награда во висина од 7.000 денари Дафина Дејкоска, VII одделение од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

Втора награда во висина од 5.000 денари, Глорија Крстевска VIIоддение, од ОУ „Св. Наум Охридски“ село Пештани, Охрид

Трета награда во висина од 3.000 денари, Елена Ѓоргоска, VII одделение, од ОУ „Св. Климент Охридски“, Охрид

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија:

Прва награда во висина од 7.000 денари Драган Спасески, IV одделение, од ОУ „Григор Прличев“, Охрид

Втора награда во висина од 5.000 денари Сара Ристеска, V одделение, од ОУ „Св. Наум Охридски“ село Пештани, Охрид

Трета награда во висина од 3.000 денари Ања Гиноска, IV одделение, од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид

– Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, апелираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива